ЛП: Нема хунта за да има пуч

by Фокус

Нема пуч, реагира Либералната партија, откако премиерот Никола Груевски и надлежните органи го обвинија опозицискиот лидер Зоран Заев за обид за противуставно рушење на владата.

– До пуч може да дојде со развојот на настаните кој води кон наметнување на некоја “хунта” како нелегитимна владејачка сила – стои во соопштението на либералите.

Од таму сметаат дека ова води кон заострување и продлабочување на политичката криза во земјава, која ги исцрпува политичките ресурси на државата.

Поврзани новости