ЛП: Кумановскиот крвав викенд мора да се истражи

by Фокус

Либералната партија на Македонија упатува длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили и до припадниците на полицијата и воедно ги повикува граѓаните на смиреност во овие моменти на длабока тага и зголемени тензии.

„Очигледно е дека во пресметката со оружената група, гинат припадници на безбедносните сили од различни етнички припадности. Збунетоста што ја покажува Владата сега се пренесува меѓу граѓаните. Додека владините извори молчеа за активностите и состојбата во Куманово, граѓаните се информираа од странски медиуми. Овој крвав викенд мора добро да се истражи и да се утврди кои се виновниците и кој мора да понесе лична и политичка одговорност“, велат либералите предводени од Ивон Величковски.

Поврзани новости