ЛП ќе формира свои комисии кои ќе ја следат работата на министерствата

by Фокус

Либералната партија, на 16. седница на Извршниот комитет синоќа го утврди новиот концепт на така наречената државна управа за здрава економија, кој се базира на искуствата од најсилната економија во светот, САД, како и на британскиот кабинет.

Според Либералната партија, на Македонија и е потребна нова организација на влада која ќе биде економски ориентирана и ќе биде фокусирана на интересите на граѓаните и за таа цел ЛП ќе формира неколку комисии кои ќе ја следат работата на министерствата.

-Нашата визија за организирање на Владата е заснован на основните целина секој здрав економски систем во светот. Наместо влада скроена по старомоден модел и ориентирана кон себе, предлагаме структура на влада со министерства кои се во функција на развојот на економијата во Македонија, изјави Венко Глигоров, претседател на Комисијата за економија и финансии при Либералната партија и предлагач на новата структура на комисиите.

Претседателот на ЛП, Ивон Величковски, рече деке  со овој концепт, Либералната партија ќе ги подготвува своите програми за изборите, а целта им е да ги следат потезите на власта, да предлагаат корективни мерки, а по изборите да бидат подготвени за реализација на, како што вели тој, либералната доктрина и програма.

Поврзани новости