Денес од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија – оти услов за соработка со други опозициски партии е јавен договор дека по изборите нема коалиција со Груевски е поддржан од партијата Левица и јас го поздравувам ваквиот став, вели претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.
На Левица ова им го предложивме одговарајќи им за нивната иницијатива за граѓански листи на 6 октомври. Добро е што барем дел од опозициските партии сфатија какво е значењето на оваа јавна декларација, а се надевам дека истото ќе го прифатат и социјал-демократите. Уште побитно е што со ваква јавна декларација ќе ги пресретнеме сите обиди за изборен инженеринг во десницата. На овие избори ни треба јасен изборен резултат и пораз на власта, а не избори како повод за широки коалиции и продолжување на кризата, изјави Величковски.