Во близина на браната Водоча-Струмица, вчера попладне при лов на дивеч во кој учествувале поголема група на ловџии, Ж.И. бил повреден во пределот на главата, а подоцна починал во струмичката болница, информираа од МВР.
„Поради непристапен терен, возилото на Итна медицинска помош не можело да отиде до самото место, по што еден од присутните ловџии се упатил во најблиското село, за да земе теренско возило, со цел повредениот да го пренесе до возилото на Итната медицинска помош. Во 16,30 часот повредениот Ж.И., во безсознание и во тешка состојба бил пренесен во Медицинскиот Центар во Струмица, каде во 16,40 часот починал“, соопштија од полицијата.
На местото на настанот излегол Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.