1K
Шеесет и четиригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во Горна Матка. Тој го пријавил делото во Полициската станица Сарај со објаснување дека мислел оти е дива свиња, по што бил уапсен.
„Во 21.40 часот на полициски службеници им ги покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итната медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С. Ј. (46) од с. Матка, Скопско“, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот, од таму најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.