Министерството за животна средина и просторно планирање вчера информираше дека на седница на Владата на РСМ беа усвоени иницијативите за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските планини.
По ваквата одлука, следеше реакција на Ловечката федерација на Македонија, од каде не го поздравија овој потег.
https://www.facebook.com/lovecka.federacija/posts/2567693700163460?__xts__[0]=68.ARDU1PzuDt89E1re3ophJMXZ2IJZBpBIxr6QqoIjp7rV3PEbhFoSYi1UPfSMff2F4_2vR4y0Sal4jd3MGS3HW3s3Vxe3NwXG71uIvrUHdHplvtBwJecNeEFOU0HWuiDIgHoVMQpyqYETB4cWtYFGmnn8bZLL0uAVXpvUAnwJHWTPJPdbXNehizkbwkWVLyH226AIYdR89ggarrLz5nkh07qI9ABUeKtb3Pl27eXnCdhoMAceeVQP8MC9K2cxDqxES-7SnFhF9u1aAakFw8AioGY49S3HQ4wqQ9OeXjueQeJxBkOo6GdXE51R5f6aDXIn12pMcGZqA58M5RpRSithOJZh3w&__tn__=-R
„Почитувани концесионери на дивечот во ловиштата, ценети ловци, денес Владата и Министерството за животна средина, му нанесоа силен удар на нашето ловство, со непринципиелното давање позитивно мислење за прогласување на Осоговските планини и Шар планина за заштитени подрачја, наспроти негативното мислење на Министерството за земјоделие,шумарство и водостопанство и наспроти нашите укажувања за сите реперкусии и штетни последици врз ловството, рибарството, бербата на шумски плодови, приватната сеча на дрвја и земјоделието во овие подрачја! Ние нема да застанеме тука, нема да се предадеме, поколебаме и откажеме“, напишаа на својот профил на Фејсбук.