428
Македонија во изминатиов месец беше посетена од неколкумина високи државници, кои дадоа поддршка за референдумот кој ќе се одржи во недела. Националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски е восхитен од поддршката на државните партнери и повика да се гласа „за“ на референдумот.
„Восхитува плебисцитарната поддршка на нашите партнери. Нема подобар гест за земја што ќе се развива низ соработка и заедништво. Нашиот јазик, идентитет и култура со Договорот се потврдени. Со членството ќе добијат глобална перспектива. Лошиот менталитет ќе се менува“, посочи Алаѓозовски.