Нигерски пирати киднапирале брод, меѓу заложниците се Хрват, Босанец и Словенец

by fokus

Наоружана група во близина на обалата на Нигерија нападнала швајцарски товарен брод и киднапирала 12 членови на посадата, соопшти Министерството за надворешни работи на Швајцарија.

Бродот „Гларус“ е нападнат по должина на нигериската обала. Според локалните медиуми превезувал пченица и бил нападнат од пирати, при што биле киднапирани 12 од 19 членови на посадата.

Хрватскиот портал Index.hr објави дека седум киднапирани членови на екипажот се од Филипините, а меѓу киднапираните биле Хрват, државјанин на БиХ, Словенец и Украинец. Оваа информација беше објавена од страна на Нигериската поморска администрација и безбедносна агенција (NMASA).

Пиратите се активни низ обалата на Нигерија и често се насилни. Се случува да киднапираат брод и да ја држат посадата во заложништво неколку дена колку што им е потребно за да ја извршат кражбата, а некои групи го ослободуваат бродот после исплатата на откупот, пишува Б92.

Поврзани новости