„Вистината за Македонија го покажа вистинското лице на братучедите Груевски и Мијалков, целата нивна бескрупулозност и бруталност.Слушнавме како одмазнички рушат, се смејат при злоупотребата на власта и како се изживуваат врз луѓе, судбини и семејства. Како се пресметуваат со политичките неистомисленици и со критичките медиуми, како поставуваат нивнисудии и како местат и крадат избори.Меѓутоа, она што посебно ги шокираше прилепчани е гневот и омразата на Министерот Миле Јанакиески упатени кон својот роден град, кон своите сограѓани“.
Со вакви обвинувања денеска излезе пратеникот од редовите на СДСМ, од Прилеп, Хари Локвенец. Тој истакна дека министерот Миле Јанакиески изгубил политички, но и човечки легитимитет и образ да се појави пред неговите поранешни сограѓани и познаници.
– Во 21 век, во Македонија доживеавме да слушнеме како прилепчанец вели: „направив упад во Прилеп“! И тоа го кажува со невидена гордост! Па, постои ли граѓанин на градот херој кој може да остане рамнодушен на ваквата дрскост и безобразност!? Миле, Ти ли си нарачателот за „пиштење и вриштење“ на прилепските дуќанџии!? Ти ли стоиш позади наредбата да се сотри со арач прилепскиот еснаф, која инспекторите во неколку наврати немилосрдно ја спроведоа. Од каде толкава горчина и порив за штета врз сопствените сограѓани? Колку земјоделци беа уценети и купени со земјоделски субвенции? оквенец.
Тој, исто така го праша Јанакиески колку луѓе присилил да гласаат со триаголниче под закана за „летање од работа“?
– Ја пренесе ли Миле Јанакиески пораката од Мартин Протуѓер дека првиот човек на ФФМ, со жената и децата заедно ќе завршат во ендек? Вака ли ја обезбедивте победата на избори за Марјан Ристески? Од вистината бегање нема! Со својот упад во Прилеп, Миле Јанакиескиго изгуби политичкиот, но и човечкиот легитимитет и образ да се појави пред неговите поранешни сограѓани, другари и познаници. Не СДСМ, туку прилепчани и цел слободарски Прилеп ја бараат твојата оставка! Веднаш! – истакнаЛоквенец.