ДОМ на Лилјана Поповска бара оставка од јавниот обвинител Зврлевски

by Фокус

ДОМ на Лилјана Поповска бара оставка од јавниот обвинител Марко Зврлевски, сметајќи дека политичката криза бара итни мерки, за да се реши во институциите и да не се направи уште поголема штета за Македонија. Според нив, за ова е неопходен дијалог меѓу власта и опозицијата и договор за редоследот на потези.

– Сметаме дека разврската треба да почне со оставка на Јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Парламентот и избор на нов обвинител, со консензус на сите политички партии во Парламентот. Потоа треба да се водат паралелно два транспарентни процеса: судски и парламентарен преку анкетна комисија.Инсистираме да се започне со Јавниот обвинител, зашто тој треба да биде главна фигура во судската разврска, човек со интегритет и стручност, во кој ќе имаат доверба сите политички субјекти и најшироката јавност – се наведува во соопштението од ДОМ.

Поврзани новости