398
– „Мпуроја“, односно „Штит“ е весник на албански јазик кој го издава АРМ, уредник е Јолевски, дали вашите гласачи го знаеја тоа?, ги праша пратеникот Хари Локвенец, неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ, од собраниската говорница.
Локвенец му порача на претседавачот со седницата Трајко Вељаноски дека во недоглед го крши членот 78 став 2 од деловникот, и со тоа, како што рече, дозволува со ноторни лаги и конструкции да се замајува јавноста и тоа не само сега, туку 12 години наназад.
– Затоа, господине претседавач, барам да го почитувате деловникот и да дозволите гласање за избор на претседател на Собранието, додаде Локвенец.