Локомотива кај Велес удрила во мигрант, кој починал на пат кон болница

by Fokus

Рано утрово се случила несреќа пред селото Згрополци, откако локомотива прегазила мигрант, кој починал на пат кон болница, информираат од МВР.

„На 11.06.2020 во 04.00 часот било пријавено дека на потегот помеѓу  железничката пруга Велес-Градско, пред с.Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди. Tој бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид“, додаваат од МВР.

Поврзани новости