Трите пожари што вчера околу 16 часот избувнаа во регионите на селата Белица и Прострање се локализиран и и оневозможено е нивно натамошно ширење.
Иван Котески, одговорен од групата од Лопушник, која интервенираше на трите пожари кај Белица Простирање, потврди дека пожарите се ликвидирани.
-Трите пожари што избувнаа вчера околу 16 часот помеѓу селата Белица и Прострање во регионот на Беличкиот рибник се локализирани и спречено е нивно натамошно ширење. Со овие пожари беше зафатена сува трева, ситно стеблеста шума и грмушки и ако во текот на денешниот ден не беше спречено нивно натамошно ширење, поради ветерот постоеше опасност истите да се прошират и во шумскиот појас. Така во текот на денешниот ден група од над дваесет вработени од ШС „Лопушник“ интервениравме во жариштето на овие пожари и во моментов тие се изгасени и не постои опасност од нивно натамошно ширење, но за секој случај шумарите се на самото место за да ја следат состојбата. Со еден од овие пожари беше зафатена и една стара куќа и плевна и по интервенција на возила на ТППЕ Кичево и овој пожар беше изгасен – истакна Иван Костески, за „Нова Македонија“, одговорен на групата од Лопушник, што интервенираше на трите пожари кај Белица и Прострање.