279
Потпретседателот на Алијансата за Албанците и дел од коалицијата Европски фронт, Кренар Лога, преку Фејсбук реагираше на иницијативата на ВЛЕН за формирање албанска академија, нарекувајќи го тоа обид за прикривање на нивната неспособност во владата на премиерот Христијан Мицкоски.
„Политичката немоќ на ВЛЕН не се покрива со селски академии! Платите и функциите ги добиваат од централната власт и од унитарна држава, а наводно прават паралелни институции, но не на централно ниво, туку по селата. Срамота!“, објави Лога.