Министерот за правда Кренар Лога вели дека е изнанеден од одлуката на пратениците од СДСМ да гласаат против законот за амнестија и дека не бил информиран зошто не гласале за законот да влезе во собраниска процедура по скратена постапка. Тој најави дека ова како тема ќе го постави на редовната владина седница во вторник.
-Дилемата дали ни треба овој закон или не, се разгледуваат во матичните комисии кога би се дискутирало дали тоа би било најдоброто можно решение или е нешто друго во прашање – рече Лога на Телма.
Тој објаснува дека претходно добил информација од новинарите кои пак биле информирани од седиштето на СДСМ дека нема да го поддржат законот.
-Не знам дали имале партиски прегрупирања, но јас кога го образлагав законот им реков дека ќе бидам среќен да помине. Во Собрание гледам и пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои беа против измените на КЗ, како Милошоски, за утредента со адвокати да бараат нивните дела да застаруваат – истакна Лога.