Лога ја поздрави одлуката на Уставен, очекува исто да се постапува за сите прописи кај кои е пробиен рокот за објава во „Службен весник“

by Fokus

Министерот за правда Кренар Лога синоќа преку својот фејсбук-профил ја поздрави одлуката на Уставниот суд за поништување на упатството за водење на матичните книги со кое се воведе графа за етничката припадност.

Во објавата, Лога кусо напиша:

„Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд и очекувам Судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи каде што е прекршен уставниот рок за објавување во ‘Службен весник’“.

 

Поврзани новости