603
Британската премиерка Лиз Трас го смени министерот за трговија Конор Барнс од функцијата, откако против него беше поднесена жалба за сериозно недолично однесување, изјави портпаролот на Даунинг стрит. Одлуката на Трас стапува на сила веднаш.
Портпаролот на Даунинг стрит не појасни за што е обвинет Барнс. Според некои медиуми, тој имал непримерно однесување за време на конференцијата на британските конзервативци во Бирмингем.
Барнс беше министер за прашања поврзани со Ирска во претходната влада на Борис Џонсон и беше опишан како сојузник на претходникот на Трас.