Ливерпул го руши рекордот на Нејмар, му нуди на ПСЖ 300 милиони евра за Мбапе

by Fokus

Ливерпул летово би можел да го собори трансфер рекордот, бидејќи е подготвен да му плати на Пари Сен Жермен 300 милиони евра за Килијан Мбапе, пренесува радио „Марка“.

Оваа информација за радио „Марка“ ја соопшти агентот на ФИФА, Марко Кирдемир, кој добро ја познава околината на Мбапе.

„Ливерпул е подготвен да плати 250 милиони евра, плус бонуси за него. Ќе се натпреваруваат со Реал Мадрид. Конечната одлука ќе ја донесе играчот“ – изјави Кирдемир.

Договорот на Мбапе со „светците“ истекува следната година, а тој не сака да ја продолжи соработката со клубот, па челниците на актуелниот шампион на Франција се подготвени да го пуштат за да не замине без обештетување.

Французинот на „Паркот на принцовите“ пристигна во 2018 година од Монако за 180 милиони евра.

Доколку информациите на „Марка“ се вистина и Ливерпул плати 300 милиони за Мбапе, тој би станал најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Рекордот го држи Нејмар, за кого ПСЖ во 2017 година на Барселона и плати 222 милиони евра.

Поврзани новости