Литургијата на Папата Франциск во Скопје ќе ја следат најмалку 15.000 верници

by Fokus

Вкупно 165 странски новинари и 65 медиуми ќе ја следат неговата посета на 7 мај. Папата Франциск ќе биде во Македонија десет часа, а ќе има средби со државниот врв и ќе одржи и миса на плоштадот во Скопје.

Мисата ќе започне во 11 часот и 30 минути и ќе може да ја следат 15 000 луѓе кои ќе резервираат карти, а во втората зона ќе може да се сместат оние кои не успеале да резервираат карти. Се очекува на мисата да дојдат и многу верници од регионот, а во тек е акредитирањето и на странски државјани кои сакаат да присуствуваат на мисата. Папата Франциск ќе ги посети и меморијалниот центар мајка Тереза и Католичката црква во Скопје, а ќе се сретне со скопскиот бискуп.

 

Поврзани новости