Прегазено шестгодишно дете, со тешки повреди завршило на клиники

by Fokus

Шестгодишно дете е потешко повредено, откако вчера автомобил удрил во него во скопската населба Синѓелиќ, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 19.00 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(46) од село Сингелиќ, скопско, удрило во шестгодишно дете од село Сингелиќ, кое се здобило со тешки телесни повреди и со друго возило било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости