427
Едно од двете лица кои вчера насилно сакаа да влезат во автобус на ЈСП Скопје со број 16 при приведувањето физички ги нападнало полициските службеници. Се работи за триесет и осумгодишниот С.З. од село Морани.
Инаку, тој вчера околу 13:30 часот заедно со уште едно лице излегол од автомобил „Порше“ со гостиварски ознаки и сакале насилно со закани со пиштол да влезат во автобусот.
Откако биле пријавени во полиција, двајцата избегале, а С.З. го фрлил пиштолот при бегање.