Лице од обезбедувањето на Груевски го нарачало упадот во Собрание преку службен телефон на Владата

by fokus

Александар Василевски Нинџа по налог на лице од обезбедувањето на Груевски кое било со него, примило повик во 14ч30м за да мобилизира 68 насилници, кои се собрале подоцна во ресторан на кејот, каде им биле поделени фантомки, стои во обвинеието до кое дојде „Судство.мк“.

Според обвинението, зад телефонскиот повик стои лице од обезбедувањето на Груевски. Телефонот, пак, од кој бил нарачан упадот е во сопственост на Владата.

„Откако од телефон, сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. НН лице од обезбедувањето на Никола Груевски, тогаш претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а кои се наоѓале во Виена, Австрија, во 14.30 часот контактирал со обвинетиот Александар Василевски Нинџа, сега недостапен на органите на прогонот, кој потоа заедно со обвинетиот Никола Митревски Кољо, телефонски ги конрактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, сега недостапен на органите на прогон, го мобилизирале членството од Скопје и други градови, за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили“, пишува во обвинението.

 

Поврзани новости