Која била улогата на Мицкоски за време на „крвавиот четврток“?, прашува СДММ

by fokus

Пред вратите на Собранието, на 27-ми април, бил и Христијан Мицковски, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На фотографиите јасно се гледа дека Мицкоски ја минал заштитната ограда и се наоѓа непосредно пред влезната врата на Собранието. Мицковски бил во толпата на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беа загрозени нивните животи и уставниот поредок на Република Македонија, изјави денеска Михаела Иванова, СДММ.

Подмладокот на СДСМ прашува која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток и дали Мицкоски координирал некои од лицата кои влегоа во Собранието?

„Дали Мицкоски вака ги сфаќа демократијата и владеењето на правото? Дали е ова новата визија или стариот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ? Мицкоски е должен да одговори на овие прашања пред јавноста. Граѓаните мора да ја дознаат неговата улога во најтрагичниот настан во поновата историјата на демократијата во Македонија“, изјави Иванова.

Поврзани новости