Лицата со пречки во движењето во Кавадарци добија специјално возило со рампа

by fokus

Лицата со телесен инвалидитет во Кавадарци добија на располагање специјализирано возило со рампа за полесен влез со инвалидска количка. Возилото ќе можат да го користат 24 часа на ден, и со него ќе бидат превезувани до каде што имаат потреба.

Истото е донација од германската амбасада, а германскиот амбасадор Томас Герберих денес за време на предавањето на донацијата се сретна со Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци.

Тој се заблагодари и нагласи дека возилото е од големо значење за поголема мобилност на лицата со инвалидитет во Општина Кавадарци.

Од здружението ,,Мобилност’’ исто така се благодарни и потенцираат дека возилото е голема потреба на лицата со пречки во движењето.

Поврзани новости