Лицата кои наполниле 18 години и немаат лична карта утре можат да се фотографираат без термин

by Fokus

Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои наполниле 18 години утре да се упатат кон пунктовите низ државата за да се фотографираат за лична карта која ќе биде изработена во разумен рок за да можат да го оставарт своето гласачко право. Министерот Панче Тошковски денеска изјави дека се работи за околу 500 лица и постапката може да се заврши за еден ден.

За динамиката со која се изработуваат личните документи, Тошковски вели дека моментално се работи со целосен капацитет и дека не очекува да се зголеми во перидот што следи.

„За издавање на пасошот по итна постапка се чека пет до седум дена додека, по редовна постапка за околу два месеци. Да не се лажеме, тоа се капацитетите, изјави Тошковски по посетата на СВР Скопје.

Поврзани новости