На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.
Илјадници верници во храмот на Великомаченикот во Струга прво учествуваа во служењето на ктиторската вечерна богослужба, а потоа сите заедно тргнаа со литијата низ улиците во градот.
Годинава за првпат, имаше и владика од Вселенската патријаршија, откако минатата година, Светиот синод донесе одлука за отстранување повеќедецениската шизма наложена врз Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.
Во Струга, имаше и туристи дојдени специјално а традиционалната литија.