Откриена е листерија во кујната на гостиварската болница, пронајдена била во брисот земен од нож, потврдуваат за „Фокус“ од Агенцијата за храна и ветеринарство. Првиот човек на агенцијата, Дејан Рунтевски објасни дека брисеви се земени, но листерија не е откриена во месните производи на друг производител.
– Земени се мостри од нож за сечкање во кујната во Гостиварската болница и таму е откриена листерија. Производствениот погон на месната индустрија не е затворен. Во моментот, болничката кујна има забрана за подготвување и послужување на храна, но по извршената дезинфекција, деновиве ќе биде отворена – тврди Рунтевски.
Првиот човек на гостиварската болница Илберт Адеми за „Фокус“ вели дека усно му било кажано оти некакви испитувања биле позитивни, меѓутоа не може да потврди за што станува збор бидејќи во моментов е на годишен одмор.