496
Жител на Липково доби кривична пријава поради тоа што се заканувал на 21-годишна кумановка поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ш.(28) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, во 2019 година телефонски упатувал закани по животот на 21-годишна девојка од Куманово, поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него“, велат од МВР.