509
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има голем прогрес на најновата ВТА тениска листа која е објавена денеска.
Таа се закити со титулата од фјучерсот во Куршумлиска Бања, па се искачи за 30 позиции на листата и сега е на 186. место.
Со тоа се доближи на само 16 места до својот најдобар ранкинг во кариерата – 170. место, на кое беше во 12 јуни 2017 година.
Во последните два месеца, Ѓорческа има прогрес од цели 69 позиции.
Ова беше прва титула за Ѓорческа во 2023 година, вкупно 13-та во кариерата.