Лимани, роднина на Ахмети и кандидат за градоначалник на Кичево: ДУИ ми замери зашто не вработував партиски кадри во ЕЛЕМ!

by Фокус

Се уште актуелниот заменик-директор на државната компанија за производство на струја АД ЕСМ (ЕЛЕМ), Фатмир Лимани, кој е во роднински врски со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со неговиот вујко Фазли Велиу, најави независна кандидатура за градоначалник на Кичево. Тој во разговор за Фокус вели дека има реални шанси за изборна победа, иако нема поддршка од матичната партија.

– Како заменик-директор на ЕЛЕМ сум придонел за вработување на околу 500 луѓе. Но, секогаш сум гледал тие да бидат професионалци, а процесот да не оди партиска линија. Синот не сум го вработил и отиде во Швајцарија. Постапката треба да оди на конкурс, без привилегии. Тоа беше и една од причините зошто влегов во конфликт со раководството на партијата – ни изјави Лимани.

Тој смета дека неговиот сопартиец, актуелниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари, доволно долго бил градоначалник и вршител на други јавни функции, за да добие доверба за уште еден мандат. Според Лимани, Дехари има слаби резултати во Кичево.

-Во гимназијата над 60 отсто користат дрога, пијат ракија. Во градот насекаде се гради на црно без исполнување на урбанистички услови, а инспекторатот за градежништво не излегол на терен и е целосно парализиран. Кучиња скитници има на секој чекор, секој втор-трет ден по некој е каснат, и никој не прави центар за згрижување… – вели Лимани, наведувајќи ги причините што го испровоцирале да влезе во трка за градоначалнички мандат.

Инаку, тој посочува дека се повлекол од функцијата во ЕЛЕМ, меѓутоа не поднел формална оставка во компанијата во државна сопственост, туку, како што објаснува, оставка поднел во Мала Речица бидејќи партијата го поставила на функцијата.

В.С.

Поврзани новости