658
Пратеничките од ДОМ Лилјана Поповска и Маја Морачанин на денешното гласање за законот за употреба на јазиците во прво читање не гласаа ниту за ниту против законот.
Тие ја поддржуваат идејата за унапредување на јазичните права на секој граѓанин во Република Македонија, но сметаат дека предложениот текст на законот е тешко применлив и нефункционален. Затоа во следниот период ќе се вклучат во амандманско подобрување на текстот.