Лиле Стефанова: Не сум работела во предметите „Претседавач“ и „Пуч“

by fokus

Јавната обвинителка од СЈО, Лиле Стефанова, во денешната емисија „Правда-неправда“ на 1ТВ рече дека наспроти мислењето на јавноста таа никогаш не работела во предметите „Претседавач“, каде обвинет беше Мирослав Шиповиќ, и во предметот „Пуч“, каде обвинет беше актуелниот премиер, Зоран Заев.

-Не бев заменик обвинител во ниту еден од тие два предмети, бев учесник во само едно рочиште, не сум ги работела јас тие предмети. Можеби перцепцијата за мене беше таква затоа што единствено јас доаѓав од ОЈО за организиран криминал и корупција. Мислам дека сите сомневања во пристрасноста за мене веќе не постојат и се надминати – рече таа.

Шефицата на СЈО за Стефанова рече дека била меѓу првите обвинителите кои биле повикани во тимот.

-Мојата доверба кон Лиле Стефанова останува иста како првиот момент кога ја повикав да му се придружи на тимот. Се работи за искусен професионалец – рече Јанева.

Поврзани новости