На јавен оглас ќе се бараат идеи во што да се пренамени споменикот на „Мајка Тереза“

by fokus

Скулптуралната композиција посветена на Мајка Тереза, која првично требаше да ја гради бизнисменот Субрата Рој, ќе биде пренамента. Владата ќе објави јавен оглас на кој ќе прибира идеи за тоа која функција во иднина ќе ја има оваа веќе започната градба на плоштад Македонија.

„Владата го задолжи и Министерството за култура да спроведе постапка за пренамена на објектот со скулптурална композиција (споменикот на Мајка Тереза) и да распише јавен конкурс за идејно решение за пренамена на објектот. За резултатите од спроведените активности ќе треба да ја информира Владата во рок од пет месеци“, информираа од таму.

Владата донесе одлука да го пренамени споменикот, затоа што за негово довршување се потребни многу средства. Во што ќе се пренемени ќе се дознае по завршување на огласот.

Поврзани новости