Поранешен претседател на штипскиот Студентски парламент осомничен за злоупотреба на 50.000 евра

by fokus

Против поранешниот претседател на Студентскиот парламент на универзитетот „Гоце Делчев“, Горан Стаменков, е поднесено писмено известување до Јавното обвинителство во Штип поради постоење на сомнение за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба. Според полицијата, 29-годишниот Стаменков се сомничи дека во текот на минатата година извршил проневера од 51.000 евра, пари на студентите.

– Без почитување на статутот на здружението, без донесување на писмени одлуки на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица од сметките на здружението незаконито им исплатил парични средства од вкупен износ од 3.147.733 денари, овозможувајќи им истите да се стекнат со некаква корист, на штета на здружението – изјави портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Панјотова вели дека Стаменков потпишал фиктивни одлуки, а на кои навел дека се донесени на одржана седница на претседателството, при што на незаконски начин за 2016 година, без почитување на статутот овозможил противправна имотна корист.

Поврзани новости