Избегал од Македонија за да не оди во притвор – Ликвидираниот во Приштина се барал со потерница

by fokus

Ликвидираниот Бљерим Даци кој синоќа беше застрелан во Приштина бил во куќен притвор за недозволено изработување, држење и тргување со оружје, потврдуваат од Кривичниот суд за „Фокус“.

Нему му бил определен куќен притвор на 10.11.2022 година во траење од 30 дена, по предлог за обезбедување присуство на осомничено лице од Основното јавно обвинителство, заради постоење на сомнение за кривично дело од чл. 396 односно недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје.

Но, според информациите од таму, тој не го почитувал ниту куќниот притвор, а кога му бил определен затворски притвор избегал.

-По жалба на ОЈО – Скопје, Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, на 24.11.2022 година ја преиначил одлуката од претходна постапка со што на лицето му е определна мерка притвор, истовремено, согласно решението надлежната полициска станица е известена веднаш да го спроведено лицето од куќен пртивор во КПУ Затвор Скопје.

И покрај определната мерка притвор, судот на 29.11.2022 година од надлежното МВР е известена дека обвинетиот воопшто не се придржувал ни кон мерката куќен притвор по што е донесено решение за мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода како и издадена наредба за потерница и согласност за распишување меѓународна потерница, објаснуваат од Кривичниот суд.

Бљерим Даци беше застрелан синоќа во Приштина во автомобил со македонски регистарски ознаки, а еден километар од местото на убиството беше најден запален автомобил кој се поврзува со вмешаните вом убиството.

Според неофицијални информации на „Фокус“, но и информации коишто ги објавија косовските медиуми Даци бил осомничен за двојното убиство во „Шиша бар“.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости