326
Вработен во Народното собрание на Република Србија Н.К.(45) загина денеска во зградата на Собранието додека се обидувал да го поправи лифтот.
Како што објавуваат српските медиуми, лифтот ненадејно тргнал и му ја откинал главата на работникот кој вообичаено бил задолжен за одржување на водоводот.
Вработените веднаш повикале Итна помош, која можела само да констатира смрт.