Лидија Лазова, обвинета во „Калдрма“: Владата да најде работа за жртвите на режимот на Груевски

by Фокус

Лидија Лазова, една од обвинетите во случајот со патарините наречен „Калдрма“, во чии рамки беа приведени скоро 100 луѓе, денеска раскажа за, како што рече, маките низ кои поминала во затворот во Битола и затворот во Идризово.

-Не ни дозволуваа да ни носат храна од дома. Беше ужасно страшно. Ми носеа шише со жешка вода да се топлам, алиштата ни беа влажни. Деведесет и три дена на мразот бевме. Последниот ден сум паднала во бањата, сум се онесвестила. На почетокот во болницата во Битола не можеа инфузија да ми стават. Ме гледаа како да сум којзнае каков криминалец. Ми правеа операција, ми вградиле четири штрафови. Ме пуштија после некое време дома, не можев да станам на нозе, не можев да одам. Се мачев со патериците дома. Ми дијагностицираа остеопороза по некое време. Направив неколку терапии во Велес, не можев да си дозволам бања – се потсетува Лазова.

Таа посочува дека била осудени за злоупотреба на службена должност и добила три години и четири месеци затворска казна.

-Го видов и Идризово. Имаше секакви затвореници, секакви случаи. Многу бракови се растурија, многу семејства беа уништени. Во притворот многу сакав светлина. Владата да најде работа за жртвите од режимот – вели Лазова.

Ј.Ц.

Поврзани новости