Бошкоски: Да се најде правда за внукот на Ченто, јас знам како е да си осуден за правдина

by Фокус

Јас сум опсесија на несудениот принц од Будимпешта Никола Груевски, но јавноста знае за мене и кој е братот Љубе, истакна во видео-обраќање Љубе Бошкоски, говорејќи за проблемите што ги претрпел тој и неговото семејство за време на долгогодишното владеење на ВМРО ДПМНЕ, на трибина организирана од Цивил.

-Јас сум бил мета на речиси сите режими. Од екс-Југославија, па натаму. Јас и моето семејство поминавме низ пекол. Јас знам како е чувството да си осуден за правдина. Сакам да се најде правдина и за внукот на Ченто. Ниту една власт немала милост за оваа фамилија. Мака мачиме од оваа кал да излеземе – рече Бошкоски.

Според него, Груевски никогаш не бил патриот.

-Тие кои веруваат во груевизмот се лажни патриоти и е надвор од верувањето на ВМРО. Груевски командува од Будимпешта мислејќи дека е лидер, а не може да се помири дека е поранешен. И новите дечки од ВМРО-ДПМНЕ ме опсервираат. Повторно сум инспирација да добиваат политички поени. Јас Заев не го почитувам затоа што ми е братучед, туку го почитувам дека се нафати да се справи во најтешкото време, па макар и со хируршки зафат. Не дај Боже власта да те земе на пик – рече Бошкоски.

Тој порача дека мора да има слобода на медиумите и слобода на говорот.

-Кога велев дека банда криминална владее до државата, ми рекоа дека сум бил престрог. Сега заклучувам дека сум бил премногу благ. Излезе дека сум опсесија на несудениот принц од Будимпешта, Груевски. Јавноста се знае за мене, знаат кој е братот Љубе – вели лидерот на Обединети за Македонија.

Ј.Ц.

Поврзани новости