969
Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, по неколку часа разговори заврши, но нема договор за датум за избори. Лидерите се договорија да чекаат извештај прво од Комисијата за заразни болести, од Државната изборна комисија и ќе се чекаат набљудувачите од ОБСЕ и ОДИХР.
Идната недела лидерите на политичките партии, Зоран Заев од СДСМ, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и лидерите на партиите БЕСА и Алтернатива повторно ќе се сретнат другата недела за тогаш евентуално да договорат нов датум за избори.
Изборите требаше да се одржат на 12 април, но беа одложени поради пандемијата со корона вирусот. СДСМ бара избори на 14 јуни, а ВМРО-ДПМНЕ не лицитира со датуми.