Лидерите на четирите најголеми политички партии кои се потписници на Договорот од Пржино ќе одржат средба во вторник. Тема на лидерската средба ќе биде составот на ДИК, како и прашањата поврзани со медиумите, информираше претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој очекува на средбата да се постигне договор за избор на членовите на ДИК и Комисијата да почне со работа од наредната недела. Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека успехот на лидерската средба зависи и од стратегијата на СДСМ за одложување на изборите.
Груевски обвини дека СДСМ не сака да се изберат членовите на ДИК за се одложат изборите, додека Заев вели дека треба да се изберат експерти без политички или партиски бои. Тој смета дека владејачките партии се тие кои го опструираат изборот на членовите на ДИК.