Лидерот на руската платеничка армија Вагнер, Евгени Пригожин преку видео објава на Телеграм му предложи на русиот врв да се стави крај на војната во Украина и да се соопшти дека „целите на специјалната воена операција се исполнети“.
-Идеалната опција е да се прогласи крај на специјалната воена операција, да ги информираме сите дека Русија ги постигнала целите што ги испланирала и во таа смисла, ние навистина ги остваривме. Уништивме голем број припадници на украинската армија и можеме да си признаеме дека нашата задача е исполнета. Русија го отсече Азовското море и голем дел од Црното море, зазеде голем дел од украинската територија и создаде копнен коридор до Крим, рече Пригожин.
Тој предупреди дека ако претходно Украина беше дел од поранешна Русија, таа сега после војната е апсолутно национално ориентирана земја.