410
Сенад Бајрамоски, претседател младите на ПЦЕР, пред два дена бил вратен од граничен премин во обид да излезе од земјата, соопшти лидерот на партијата Самка Ибраимоски.
Тој вели дека за ваквата постапка немало никаква причина, освен можеби што после протестот на партијата пред Владата, Бајрамоски „им паднал в очи“. Бајрамоски реагира дека со враќањето од граничен премин е дискриминиран.
Ибраимоски соопшти дека на 19 април партијата ќе организира уште еден протест „Стоп за враќање од граница“, пред граничниот премин Табановце.