Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во викенди

by Fokus

Министерството за внатрешни работи информира дека во Скопје во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе може да се подигаат готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.

„Во периодот до одржување на парламентарните избори на 15. 7. 2020, Министерството за внатрешни работи ќе овозможи, во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија ‘Беко’, подигање на личните документи покрај во редовното работно време (од 07:30-20:00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08:00 до 16:00 часот“,информираа од МВР.

 

Поврзани новости