Ѓоковиќ и неговата сопруга се позитивни на корона вирусот

by Fokus

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој е организатор на „Адриа Тур“ објави дека тој и неговата сопруга Јелена се позитивни на корорнавирус.

 

Првиот турнир од „Адриа Тур“ серијата се одржа во Белград пред десетина дена, а финалето на вториот турнир во Задар кое требаше да се игра во неделата е откажано откако Григор Димитров објави дека е позитивен на коронавирус.

Сите учесници на „Адриа Тур“ се тестираа и резултатите покажаа дека позитивни се и Борна Чориќ, тренерот на Димитров и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, додека српскиот тенисер се тестираше дури вчера по доаѓањето во Белград.

„Веднаш по доаѓањето во Белград се тестиравме, а мојот и тестот на Јелена се позитивни додека децата се негативни. Се што направивме во изминатите еден месец го работевме со чисто срце и искрени намери. Турнирите беа од хуманитарен карактер со цел да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им овозможиме да играат и да остварат приходи и на тој начин полесно да го пребродат овој период. Во исто време сакавме да испратиме пораки на солидарност и респект, фер-плеј, да им помогнеме и на хуманитарните организации и на тие кои помошта им беше најпотребна. Организиравме турнир во моменти кога вирусот слабееше верувајќи дека имаше услови за одржување на турнирите. Навистина ми е жал за секој позитивен случај од овие настани, ги следам изјавите на докторите и се надевам дека бројот на позитивни нема да се зголеми. Јас ќе останам во изолација во наредните 14 дена, за пет дена повторно ќе се тестирам“, порача Ѓоковиќ.

Поврзани новости