Либан во мрак

by fokus

Поголемиот дел од Либан остана без струја откако двете главни електрани вчера биле исклучени.

До исклучувањето дошло бидејќи електраните Деир Амар и Захрани, кои заедно обезбедуваат околу 40 отсто од електричната енергија во Либан, останале без гориво, објави Би Би Си.

Со тоа е влошена кризата поради која граѓаните имаат електрична енергија само два часа дневно. Имено, недостигот од девизи го отежнува плаќањето на странските добавувачи на енергија.

Во Либан и аптеките стапија во штрајк поради недостиг на лекови, што исто така е последица на неплаќањето на странските увозници. Во последните 18 месеци Либан претрпе сериозна економска криза, а неговата валута-либанска фунта пропадна до рекорден минимум.

Поврзани новости