Институтот „Pasteur de Lille“ -прочистувачите на воздух на „Daikin“ ефикасни против респираторни вируси

by fokus

Реномираната француска лабораторија, Институтот „Pasteur de Lille“ од тестовите донесе заклучок дека асортиманот на прочистувачи на воздух на „Daikin“ отстранува над 99,98 % од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути*.

 Според тестирањата извршени во лабораториите на Институтот „Pasteur de Lille“, прочистувачите на воздух на „Daikin“ отстрануваат над 99,98 % од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути. Вирусот потекнува од исто семејство како SARS-CoV-2, коронавирусот кој ја предизвика пандемијата КОВИД-19.
 Единиците исто така биле оценети како 99,93 % ефикасни против H1N1 вирусот за 2,5 минути. H1N1 е вирусот што предизвикува обичен грип.
 Ова значи дека прочистувачите на воздух на „Daikin“ претставуваат дополнителна мерка во борбата против респираторните болести. Компактниот прочистувач што работи веднаш штом се вклучи може силно да придонесе за намалување на ризикот од пренесување респираторен вирус.
 Ова признание е пресвртница во планот на „Daikin“ да стане главен играч во индустријата на прочистувачи на воздух во Европа, Блискиот Исток и Африка.
Тестирана ефикасност против коронавирус

Како специјалист за управување со квалитетот на воздухот, „Daikin“ смета дека нивна мисија е да обезбедат иновативни решенија, а прочистувачи на воздух продава повеќе од 45 години. Прочистувачите на воздух на „Daikin“ и патентираната технологија за прочистување воздух којашто се применува и во друга нивна опрема, веќе одамна ја докажаа својата ефикасност против загадување на воздухот, како и сезонскиот полен и вирусите.

За да се зајакне тврдењето за ефикасноста на нивната технологија, „Daikin Europe N.V.“ го довери тестирањето на својот асортиман прочистувачи на воздух на француската лабораторија во Институтот „Pasteur de Lille“. Сега е официјално докажано дека моделите на „Daikin“ отстрануваат над 99,98 % од хуманиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути. Ова е навистина значајно достигнување.

Институтот „Pasteur de Lille“ изврши тестирања со вирусот HCoV-229E, што пак, е коронавирус којшто е тесно поврзан со SARS-CoV-2. Од безбедносни причини, не е користен самиот SARS-CoV-2 вирус. Самиот факт што обата вируси се од исто семејство е силен показател дека прочистувачите на воздух на „Daikin“ се важно оружје за намалување на ризикот од пренос на вирусот, и помагаат во борбата против пандемијата КОВИД-19.

Ефикасноста на прочистувачите на воздух на „Daikin“ се постигнува преку комбинација на електростатски ХЕПА филтер со високи перформанси, кој го заробува вирусот, а ова е проследено со интензивно изложување на патентираната технологија Flash Streamer на „Daikin“, којашто го елиминира вирусот.
Институтот исто така ги тестираше прочистувачите на воздух за ефикасност против H1N1, вирусот кој го предизвикува сезонскиот грип. Под истите услови на тестирање, Институтот „Pasteur de Lille“ од неговото истражување заклучи дека прочистувачите на воздух на „Daikin“ отстрануваат над 99,93 % од вирусот H1N1 за 2,5 минути. Ова покажува дека овие единици се исто така многу ефикасни во борбата против грипот.

Прочистувањето на воздухот и проветрувањето се клучни за здраво внатрешно опкружување

Прочистувачите на воздух на „Daikin“ го прочистуваат воздухот во затворени простории, така што тој циркулира низ единицата и минува низ мноштво филтри и технологии за прочистување. Единиците обично се користат во станбени услови, мали канцеларии, малопродажни објекти, училници, медицински чекални и докторски ординации. Протокот на воздух кај еден прочистувач на воздух на „Daikin“ е околу 330 m3/час. Ова значи дека волуменот на воздухот во просечна просторија минува низ единицата повеќе пати на час.
Г. Оливие Луминати, проект менаџер за вентилација и прочистување на воздух, којшто тесно соработуваше со Институтот „Pasteur de Lille“ на проектот за тестирање на „Daikin“ вели: „Резултатите од тестовите се сјајна вест за општеството. Токму во моментот кога сите се подготвуваат за враќање во канцеларија и нормален живот, ние можеме да создадеме услови тоа да се одвива на побезбеден начин. Посветеноста на компанијата „Daikin“ кон здраво внатрешно опкружување резултираше во широко портфолио на производи за филтрирање и прочистување воздух. Овие технологии ги користиме во нашите решенија за климатизација, греење и вентилација, како за мали, така и за големи објекти. Главно, можеме да помогнеме сите што имаат потреба за чист и свеж воздух во затворен простор да го најдат вистинското решение“.

Квалитетот на воздухот во затворените простории има големо влијание врз перформансите и благосостојбата на луѓето. Постојат многу фактори што влијаат врз квалитетот на воздухот, како што се PM2.5 честичките, алергените, влажноста на воздухот и така натаму. „Daikin“ веќе одамна го препозна овој предизвик и во 1975 година во Јапонија го лансираше својот прв прочистувач на воздух. Г-дин Антони Диму, генерален менаџер на деловната активност на „Daikin“ во Европа, Блискиот Исток и Африка (ЕМЕА): „Добиените резултати од Институтот „Pasteur de Lille“ се чекор напред за нас и за општеството. Верувам дека „Daikin“ може да стане референтна компанија за управување со квалитетот на воздухот во затворени простории во ЕМЕА регионот“.

Поврзани новости