Либан прогласи двонеделна вонредна состојба за градот Бејрут по катастрофалната експлозија вчера во пристаништето во која загинаа повеќе од сто луѓе, а беа повредени неколку илјади.
Либанската Влада прогласи „вонредна состојба во градот Бејрут на две недели, изјави министерот за информации Манал Абдел Самад на прес-конференција, објаснувајќи дека „врховниот воен орган веднаш ќе биде надлежен за безбедносните прашања“.
Владата, исто така, одлучи да ги стави во домашен притвор сите службеници од пристаништето во Бејрут, задолжени за надзор и безбедност на магацинот.
Не е јасно колку од нив ќе бидат во домашен притвор и какви функции извршувале.
Војската ќе проверува дали се во домашен притвор се додека не се утврди одговорноста за вчерашната експлозија во која загинаа најмалку 113 луѓе и над 4.000 се повредени.