ЛГБТ-заедницата на Зврлевски му пушташе звуци од кршење на прозорци

by Фокус

Необично и симболично, со звучници од кои излегуваше страшен звук на кршење прозорци, активистите за правата на ЛГБТ-заедницата во Македонија и денеска, втора недела по ред протестираа пред Јавното обвинителство во центарот на Скопје поради сите нерешени случаи на насилство врз ЛГБТ-заедницата во последните две години.

Покрај звукот на кршење на прозорци активистите преку озвучувањето уште еднаш прашаа до кога ќе трае истрагата за овие случаи.

Минатиот четврток активистите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија легнаа пред обвинителствтоо во црни, мртовечки вреќи предупредувајќи што може да се случи доколку полицијата и обвинителството и понатаму не реагираат на насилството од омраза, како минатомесечниот напад во кафулето „Дамар“, каде ЛГБТ-центарот го славеше својот втор роденден.

Активистите упатија порака и до јавниот обвинител Марко Зврлевски. Тие го прашаа како тој и неговото семејство би се чувствувале кога вакви напади би се извршувале врз него, врз членовите на неговото семејство и врз неговиот имот.

Поврзани новости