„Левица“ со најголем раст на овие избори – во 2017 освоиле тројца, годинава 51 советник

by fokus

Додека кај главните политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ паѓа бројот на гласачите на секои избори, политичката партија „Левица“ бележи постојан раст. Во 2017 година партијата настапувала во 11 општини и освоила тројца советници, во Скопје, во Карпош и во Росоман, а на овие локални избори исвоија 51 советник. Лидерот на партијата на својот Фејсбук профил објави дека нивниот рејтинг пораснал на 12 проценти.

-ЛОКАЛНИ 2017
Левица настапува во 11 општини и освојува тројца советници.
ЛОКАЛНИ 2021:
Левица настапува во 38 општини и освојува 51 советник.
Ама, Заев вика рејтингот од 4% ни паднал на 2%, после „инцидентот“ во Прилеп!?
p.s. Премиерот забораил да ја додаде единицата пред двојката (12%), ама ај сега да не го омаловажуваме вака јавно.
#Пасокизација
#НемаВладаБезЛевица, напиша Апасиев.

Тоа значи дека, според Апасиев, рејтингот на партијата на парламентарните избори минатата година им бил 4 проценти, а сега им е 12 проценти. Но сепак, објаснува дека тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи се инкопатибилни. Партијата практично во пола држава односно 42 општини немала листи за локалните избори, но ќе има за парламентарните.

На овие локални избори „Левица“ преку советничките листи освои 49.558 гласови, односно речиси 50 илјади гласа. На минатите парламентарни избори партијата освоила 37.426 гласови, што значи дека гласовите од лани досега пораснале за една третина.

Поврзани новости